Откриено како е идентификувано телото на младиот Стивен Ивановски кој загина во пожарот во Швајцарија.
Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран – Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа.
Информацијата ја потврдија и од македонската Влада.
– Има потврда од Берн, телото идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. Изразуваме длабоко жалење и сочувство, велат од Владата.
Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во дискотеката во Кран Монтана, а неговото семејство преку социјалните мрежи бараше помош за негово пронаоѓање.
Во пожарот, според швајцарските медиуми, загинаа 40 луѓе, а над 100 се повредени. И Македонија понуди помош за лекување на повредените во пожарот.



