Осуден за тешка кражба и трговија со дрога фатен и спроведен во затвор

123

Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 03.30 часот во скопско Шишево, го лишиле од слобода Џ.С.(25) од село Шишево, информираат од МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од пет години и 11 месеци за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Како што стои во соопштението, лицето e спроведенo во полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Претходна вестОд 9 часот утрово во прекин сообраќајот од излез Нов Дојран до влез Стар Дојран
Следна вестЧеститка од претседателката Сиљановска Давкова по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам