Трет ден „Депонијада“ како што кочанчани саркастично го нарекоа протестот и блокадата на патот кој води кон градската депонија. Револтираните граѓани не дозволовуваат камионите со смет да поминат и да го одложат отпадот, зашто ѓубриштето постојано се пали и чади и испуша токсични материи во воздухот. Бараат затворање и итна дислокација на депонијата.
Во текот на денот имаше средби помеѓу градоначалникот и организаторите, при што дел од активистите се одлучија да ја прекинат блокадата. Но, набрзо потоа пристигна и реакција од голема група граѓани кои веќе 3 денови се таму – јасно порачаа дека блокадите ќе продолжат додека навистина не видат резултати на дело.
Известување!!! Од име на членовите на Грин.орг Ве известуваме дека поради новонастанатата ситуација односно одлука на Совет на Општина Кочани за набавка на алги, ангажман на приватно обезбедување како и набавка на машина за управување со депонијата која итно беше свикана по стартот на блокадите и одлуката од денешниот состанок на градоначалници од останати општини кои депонираат отпад во Општина Кочани на кој се донесе одлука секоја општина да реактивира сопствена затворена депонија за депонирање на отпад поради неповолната ситуација во нашата општинска депонија ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ОД УТРЕ ОД СТРАНА НА ЧЛЕНОВИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ОВА ЗДРУЖЕНИЕ ЌЕ БИДАТ ПРОПУШТАНИ ВОЗИЛА СО ОТПАД ОД ОПШТИНА КОЧАНИ. ВОЕДНО ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ЌЕ СЕ ВРШИ ПОСТОЈАН МОНИТОРИНГ ВРЗ РАБОТАТА НА ДЕПОНИЈАТА И ТЕКОТ НА АКТИВНОСТИТЕ И ИНСТИТУЦИОНАЛНО ЌЕ ПОВЕДЕМЕ ПОСТАПКА ВО КОЈА ЌЕ БАРАМЕ ИЗМЕНИ ВО ОДЛУКА НА ВЛАДА ЗА ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАД ОД ДРУГИ ОПШТИНИ ВО НАШАТА ДЕПОНИЈА. Во однос на ова прашање закажан е и состанок на наши членови со пратеникот Миле Лефков кој изрази интерес за ова горчливо прашање. СИТЕ ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ДЕЛ ОД ОВА ЗДРУЖЕНИЕ И ИМААТ РАЗЛИЧЕН СТАВ МОЖАТ ДА ПРОДОЛЖАТ СО СОПСТВЕНИТЕ АКТИВНОСТИ КОИ СЕ РАЗЛИЧНИ ОД НАШИТЕ СТАВОВИ И АКТИВНОСТИ, А ЗА КОИ НИЕ КАКО ЧЛЕНОВИ И ЗДРУЖЕНИЕ НЕМА ДА ПОНЕСЕМЕ НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ. Ве известувам дека оваа одлука е донесена ЕДНОГЛАСНО ОД СИТЕ ПРОТЕСТАНТИ КОИ БЕА ПРИСУТНИ ВО МОМЕНТОТ И ПОДДРЖАНА ОД СИТЕ ОРГАНИЗАТОРИ НА ПРОТЕСТОТ. Не ја исклучуваме можноста по нормализација на нашата депонија и доколку има депонирање на отпад од други општини блокадите повторно да се активираат исклучиво за тие возила. Кочани покажа сплотеност и единство кое беше препознаено и од други општини, Кочани покажа дека ќе се спротивстави на се што е неправда, објави Ана Симонова од организацијата Грин.орг.
Набрзо потоа, следуваше брза реакција од голема група граѓани кои ја поддржаа блокадата изминатите денови. Тие немаат намера да прекинат со своето дејствување, напротив – ќе останат таму додека навистина не прекине носењето на отпад од другите општини во Кочани.
-Известување од голема група граѓани активисти на досегашниот протест и блокади!!! Блокадите ќе продолжат се до исполнување на барањето ДА нема депонирање на отпад од останати општини. Продолжува протестот со истото барање и одговор преку писмено известување до општината. Сите граѓани се повикани да излезат и да го поддржат протестот кој продолжува по иницијатива на активистите кои остануваат да блокираат по одлуката од состанокот!!!, стои во објавата.