Опасна хемиска пена се излеа на булевар во Скопје – сторителот идентификуван, следуваат казни

24

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е идентификуван субјектот одговорен за хемиското истекување што синоќа предизвика вознемиреност кај граѓаните. Од средишната шахта на булевар „Александар Македонски“ во Гази Баба се излеа голема количина хемиска пена, што претставува сериозно прекршување на еколошките прописи и ризик за јавниот здравствен.

Инспекторатот на Град Скопје реагирал веднаш откако фотографиите се појавиле на социјалните мрежи. Овластени инспектори извршиле вонреден надзор и утврдиле дека загадувањето потекнува од правен субјект лоциран во близина на булеварот.

„Никој нема право да го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека нема да има толерирање на вакви прекршоци.

Инспекторите земале примероци од шахтата, јавната површина и од пеноматот во сопственост на фирмата. Денес ќе се анализира елаборатот за животна средина што е задолжителен за функционирањето на субјектот, со цел да се утврди причината и евентуалните пропусти.

Градоначалникот најави строги санкции врз основа на собраните докази.

„Секој што го нарушува законот, ја загадува околината и го загрозува здравјето на граѓаните ќе се соочи со целосната сила на институциите,“ порача Ѓорѓиевски.

Претходна вестНов удар по џебот на граѓаните – големо зголемување на цената на овие услуги