Онесвестена, во локва крв и со пукнат нос: Исповед на Ангела за борбата со зависноста

522

Ангела Николовска станува сè повлијателна креаторка на содржини. На социјалните мрежи секојдневно споделува интересни статуси и видеа, многу од нив снимена во Катар, каде што моментално живее.

Во нејзината последна објава, таа собра храброст и отворено проговори за својата борба со зависноста од алкохол.

„Пред 5 години ова бев јас, намерно ја немам избришано сликата (за мене најгрозна и најсрамна) за да ме потсеќа на дното, за да еден ден како овој, ја искористам да покажам во кој правец ве води алкохолот. Потечена, падната, онесвестена, во локва крв и со пукнат нос. Така ме најдоа, до креветот. За малку ќе сум стигнела. Не затоа што не знаев подобро, туку затоа што се мразев, ја мразев реалноста во која живеам.

Секогаш беше полесно да ги обвинувам другите, отколку да си признаам дека јас сум одговорна за сопствените одлуки. Секој што пие прекумерно, секој зависник од алкохол, има барем една а најчесто повеќе вакви срамни “онесвестени” ситуации. Без контрола, без желба за подобро утре. Со празни сеќавања и тежина во душата следниот ден, за да одма земе уште една чашка да ја спласне таа тежина. (Као демек)

Не сте сами!!! Бегав од болката, од вистината, од себе… иако кога ќе се погледнев во огледало знаев дека тоа не сум јас. Денес, кога се гледам во истото огледало, гледам нешто ново. Поздраво тело. Пожива енергија. Помладо лице. И најважно, побудна свест. Во секој од нас постои еден момент. Еден клик. Еден свитч што ако го вклучиш почнуваш да живееш поинаку. Јас го вклучив во последен момент, затоа што ако продолжев вака патот имаше само еден правец. Не е лесно, ниту брзо. Ама е можно, знам!!!Бара многу време и дисциплина. И тоа ќе трае цел живот за жал. Не можам да кажам дека немам никогаш испади, но живеам за денот кога целосно ќе исчезнат. Направете го правиот избор и знајте дека секој може, ако сака. Ако го читаш ова и си таму каде што бев јас тогаш биди сигурен дека твојот клик се’ уште постои. Само чека да биде вклучен“.

Претходна вестСе појави ВИДЕО: Седум лица загинаа во сообраќaјка во близина на границата со Србија
Следна вестУапсен македонски државјанин за тројното убиство кое ја потресе Македонија во 2007 година