Охрид и Кичево утрово ги разбуди земјотрес – епицентарот бил во соседна држава

260

Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, бил почувствуван од населението во Охрид и Кичево.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека поресот се случил во 6 часот и 32 минути, со епицентар на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда 3,6 степени.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката и тоа во Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за штети.

Претходна вестИма и ПОВРЕДЕНИ – Македонски камионџија влета во куќа, ситуацијата не е добра
Следна вестАИРЛИЈА: Конечно некој мисли на сточарите во Македонија – Николовски објави одлична вест