Огромна тага: Познат идентитетот на починатата жена пронајдена во градскиот парк

4301

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината повозрасна жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица.

Според полицијата, станува збор за Л.К.(71) од село Едрениково, струмичко, без знаци на живот.

– Лекар од Итната медицинска помош Струмица констатирал смрт, а увид изврши екипа на СВР Струмица.

По наредба на обвинител телото на починатата е дадено на обдукција – соопштија од СВР Струмица.

Веста првично ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица.

Претходна вестДознајте дали некој ви направил ЦРНА МАГИЈА и како да се ослободите од неа
Следна вестТрагедија ја потресе Македонија: 15-годишно дете донесено починато во болница