Објавено името и презимето на Македонецот кој загина во Нови Сад

563

Од четиринаесетте загинати во несреќата што се случи на Железничката станица во Нови Сад, идентификувани се седум лица.

Српските власти досега идентификуваа пола од жртвите и ги објавија нивните имиња и презимиња. Како што беше претходно објавено, за жал меѓу нив има и еден наш граѓанини.

Ангела Руман (20) од Стара Пазова
Сања Арбутина Ќириќ (35) од Каќ
Стефан Хрка (27) од Белград
Милош Милосављевиќ (21) од Книќанин (Зрењанин)
Ѓуро Швоња (77) од Степановиќево
Вукашин Раковиќ (69) од Буковац
Васко Саздовски од Македонија – непозната возраст

Да потсетиме, на железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот падна бетонската настрешница на зградата на станицата.

Претходна вестДоцна вечерва пукање во Арачиново: Едно лице загина, 19-годишно момче се бори за живот
Следна вестУжас во Штип ја потресе Македонија: 25-годишник сам си пријавил дека ја убил помладата партнерка