Нема крај на опасното насилство, секој ден нов шок ја тресе Македонија.
Кога ќе се стави крај на сето тоа?
Нов случај на семејно насилство, нотираше полицијата. Жената-жртва завршила во болница со повреди.
Како што информираа од СВР Штип, лишен од слобода е 38-годишниот С.Д. кој се сомничи дека вчера околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 34-годишна сопруга.
На жртвата и биле констатирани повреди во Клиничката болница во Штип.




