Нова голема трагедија: Загина уште еден пешак – македонските улици повеќе не се безбедни

3318

Вчера во 15.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Претходна вестРедакцијата на „Информа“ нема да го објави видеото од Васо Јованов од професионални и етички причини
Следна вестПопусто контроли на МВР низ Скопје – доцна вечерва нова сообраќајна несреќа