Вакво нешто Македонија не памети. Веќе втор ден по ред, независни кандидати се откажуваат од втор круг и трката за градоначалничката позиција, оставајќи го својот против канддат, во двата случаи од ВМРО-ДПМНЕ да
Откако вчера тоа се случи во Македонски Брод, денес слична ситуација во Богомила.
Независниот Сашо Пивковски, кандидат за градоначалник на општина Могила објави:
Драги сограѓани,
По внимателно размислување и бројни разговори со многумина од вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура од изборната трка.
Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент – во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа.
Во изминатиот период слушнав различни мислења, совети и размислувања. Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите.
ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом.
Како нејзин член секогаш сум се водел од идејата за чест, работа и почит кон луѓето. Така било и ќе остане. Ќе продолжам да го поддржувам сето она што е во интерес на граѓаните и на вредностите за кои се залага оваа организација.
Понекогаш, вистинското лидерство не се покажува само кога чекориш напред, туку и кога знаеш кога треба достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш и почитуваш.
Свесен сум дека оваа вест ќе изненади многумина, но ја носам со мирна совест и со чувство на одговорност. Убеден сум дека ова е најдоброто нешто што можев да го направам во овој момент.
Ќе продолжам и понатаму да бидам тука – достапен, искрен и подготвен да помогнам секогаш кога ќе има потреба. Вашата поддршка, доверба и добри зборови ќе останат нешто што длабоко го ценам.
Ви благодарам од срце. Сашо Пивковски



