Ништо повеќе нема да биде исто: Од утре опозицијата излегува на протести – ќе траат секој ден, до падот на владата

109

Албанската опозиција од утре започнува протести пред Владата во Тирана, со најава дека демонстрациите ќе продолжат „сè до уривање на нарко-режимот“.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, порача дека протестите засега ќе се одржуваат секој понеделник и дека, како што вели, „нарко-режимите се соборуваат само со методите што се користеа во Непал“.

„Немаме друг избор освен граѓански отпор. Само масовни и упорни протести можат да ја тргнат оваа Влада. Албанците денес имаат историска задача – да ја соборат диктатурата која се темели на дрога, криминал и ограбување на граѓаните“, изјави Бериша.

Тој ја обвини Владата и за парламентарните избори од 11 мај, тврдејќи дека станувало збор за „фарса“, за што, според него, сведочел и извештајот на ОБСЕ/ОДИХР на 45 страници.

„Ако ја прифатиме реалноста, тогаш мораме да се спротивставиме со целата наша храброст. Сите кои сакаат слободен глас имаат обврска да ѝ се спротивстават на оваа власт, до враќање на демократското право на граѓаните“, порача Бериша.

Протестот ќе се одржи под мотото: „Протестирам – за семејството, за економијата, за демократијата“.

Претходна вест(ФОТО) Во моментот хаос на воз во Македонија – патниците во шок
Следна вестПреубава вест за сите пензионери: Голем раст на пензиите повторно – познато и од кој месец