Николовски: Најавувам историски, европски раст и пресврт во земјоделството 2024-2028

204

Најавувам историски, европски раст и пресврт во земјоделството 2024-2028!

Даваме збор за историски највисока поддршка во земјоделството! Во следните 4 години вложуваме 1.35 милијарди евра за субвенции и инвестиции во модернизација. 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитани инвестиции и проекти за рурален развој до крајот на новиот мандат.

Од 2025 обезбедуваме целосен систем за електронско аплицирање,а од 2027 по примерот на зелена нафта воведуваме земјоделски картички на кој дел од субвенциите земјоделците ќе ги добиваат наменски за набавка на репроматеријали.

До 2028 година повеќе извоз од увоз на храна! Имаме план за да обезбедиме рекордно домашно производство на македонска храна во вредност од 1.5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи кој ќе достигне 1.25 милијарди евра.

100 милиони евра вложуваме во руралниот развој во следните 4 години.Поддршка во веќе докажаните мерки за набавка на приплоден добиток, мерката бизнис план и поддршка во набавка на механизација.

Резултатите постигнати во овие 7 години се нашиот влог дека сите проекти зацртани за следните 4 години заедно ќе ги реализираме.

Граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна сигурна и предвидлива иднина.

Претходна вестСепак успеа: Папата Франциск во количка пристигна на Велигденското бдение
Следна вестЛукаревска: Граѓаните знаат дека СДСМ е опција за безбедна, сигурна и предвидлива иднина