Скандалот што избувна по концертот во Велес, кога Цеца на сцената носеше бугарско знаме, продолжува да ја тресе јавноста. Нов бран реакции предизвика објавата на македонскиот пејач Никола Станишиќ, победник на „Ѕвездите на Гранд“, кој преку Инстаграм одлучи јавно да застане во нејзина одбрана.
Станишиќ тврди дека Цеца паднала на манипулација од фан и дека не би направила ништо што би го навредило македонскиот народ. Според него, музиката постои за да спојува, а не да создава поделби. Во својата порака тој повика да не се дозволи политиката да го замагли здравиот разум и односите меѓу народите.
Она што најмногу привлече внимание беше неговата последна реченица, во која остро им се обрати на критичарите, наведувајќи дека „половина Македонија има бугарски пасош“ и дека, како што напиша, „станавме премногу злонамерни“. Токму таа забелешка ја подели јавноста и дополнително ја засили дебатата.
Откако триумфираше во „Ѕвезда Гранда“, Станишиќ многу почесто е присутен во Белград отколку во Македонија. Таму редовно гостува во емисии, работи на нови проекти и се движи во естрадните кругови, што ги отвори шпекулациите дека можеби се преселил.
Во емисијата „Не е лесно да се биде јас“, тој откри дека поголемиот дел од изминатата година навистина го поминал во Србија. Вели дека се чувствува одлично, дека има многу работа и дека секојдневно запознава нови луѓе. „Дома сите ме викаат ‘Ѕвезда’“, додаде низ смеа, пренесува „Гранд нова“.



