НИКОЈ во Струмица не се НАФАЌА да биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

2950

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица се уште нема определено свој кандидат за градоначалник на општината кој ќе му се спротивстави на Марјан Даскаловски од редовите СДСМ.

Кандидатурата на Марјан Даскаловски како кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ беше објавена пред повеќе од 40 дена, додека од владеачката партија на државно ниво во Струмица се уште се колебаат кој ќе биде нивен кандидат.

Од муабетите кои кружат низ Струмица, неколку од сериозните кандидати за градоначалници кои се споменуваа, барале гаранции од централата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе бидат максимално ангажирани на терен сите ресурси, како партиски, така и државни, со цел да се победи во Струмица. Во спортивно – никој не сака да се нафати, затоа што веројатно ќе биде и поразен во бастионот на СДСМ, општина Струмица од Марјан Даскаловски, кој ужива голема поддршка и во партијата во градот, но и во рурални подрачја од општината.

Затоа, последните информации говорат дека ВМРО-ДПМНЕ директно од Скопје ќе предложи кандидат за градоначалник во Струмица, кој ќе биде големо изненадување за сите односно ќе биде човек кој воопшто до сега неговото не бил спомнуван во ниту една комбинација за партиска функција.

Претходна вестПовеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори
Следна вестСончево со умерена облачност, температурата до 36 степени