Никако не излегувајте без да го прочитате ова: Голема промена на времето – издадено е важно предупредување

3001

Времето денес ќе биде променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и со грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер со брзина над 70 километри на час, во форма на невреме.

Наутро најстудено ќе биде во Берово, со температура од 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура од 37 степени.

Во сабота во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура.

Од понеделник времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура.

Претходна вестУтре никако не излегувајте без да го прочитате ова: Голема промена на времето – издадено е важно предупредување
Следна вестОфицијално легнаа парите: Овие граѓани веднаш да ги проверат своите сметки