Невреме во Македонија: Водата носи сè пред себе во овој град – реки низ улиците

2070

Силно невреме го зафати еден од градовите во Македонија, при што улиците се претворија во реки, а водата носеше сè пред себе. Поројниот дожд кој паѓаше со часови предизвика поплави на неколку локации, а граѓаните сведочат дека за само неколку минути цели делови од градот биле под вода.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи може да се види како автомобили со тешкотија се движат низ надојдената вода, додека некои патишта се целосно непроодни. Дел од жителите пријавиле и навлегување на вода во подрумите и приземјата на своите домови.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, целата територија на Република Македонија утре, понеделник (10 ноември), ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат проследени со грмежи и засилен јужен ветер.

Локално се очекува да наврне над 30 литри дожд на метар квадратен во период од 24 часа, што може да предизвика нови локални поплави.

Серијата влажни воздушни бранови кои пристигнуваат од Медитеранот ќе продолжат да влијаат на временските услови во земјата, носејќи нови врнежи и нестабилности, особено во западните и јужните делови.

Метеоролозите предупредуваат дека овие процеси локално може да се развијат во поинтензивно невреме, па на граѓаните им се препорачува внимателност и избегнување на движење во ризични подрачја.

Во некои градови, општинските служби веќе се на терен и интервенираат на критични локации каде што канализацијата не можела да ја прими големата количина дождовница. Се апелира возачите да бидат претпазливи и да не се обидуваат да минуваат низ поплавени улици.

Претходна вестГолем удар за земјоделците во Македонија: Остануваат без 120.000.000 евра
Следна вестЦела српска музичка естрада тагува: Почина пејачот Шерифовиќ, се огласи и Марија