Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 10 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни.
Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени Целзиусови.
Утре времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 12 до 18 степени Целзиусови.



