Нема нови случаи на мајмунски сипаници, ризикот од ширење е мал, велат од ИЈЗ

136

Нема нови случаи на мајмунски сипаници во земјата, а ризикот од ширење е мал, велат од Институтот за јавно здравје.

Од таму наведуваат дека епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица, како и со посочените контакти.

-Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба. Нема нови суспектни случаи испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX, соопштија од ИЈЗ.

Од таму смируваат дека засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок со оглед на брзата реакција и преземените активности од страна на институциите.

-Институтот за јавно здравје и Министерство за здравство заедно со другите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба, како и справување со неа, велат од ИЈЗ.

Институтот објави препораки до граѓаните на веб-страницата и отвори две нови линии за консултации на граѓани и здравствени работници.

Воедно, ИЈЗ изработи водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за суспектни случаи на MPOX, кој беше доставен до Министерството за здравство и од таму проследен до надлежните здравствени институции. Во текот на следните денови ќе биде организирана и онлајн-обука за здраствени работници за следење на протоколите.

Претходна вестЗа 20 илјади запленети производи годинава е утврдено дека се фалсификати
Следна вестАлкалоид ќе ги рефундира навивачите за неодиграното финале во ЕХФ Купот