Некои го оправдуваат, други пак го осудуваат: Професор најави – ако напишете Северна Македонија ќе имате пониска оцена

355

Професорот од Филозофски факултет, д-р Владимир Трајковски, јавно на социјалната мрежа „Фејсбук“, им испрати порака на своите студенти, дека не сака да види назив Северна, на нивните индекси, бидејќи ако го видел тоа, како што наведува ќе имале една оцена пониско уште во старт.

„Држава на раѓање:

Драги студенти, последипломци, докторанди,

Сите вие што сте родени од 1991 година наваму во индексот кај држава на раѓање треба да ставате исклучиво само Македонија и ништо друго. Никакво РСМ, Р.С.М., РС Македонија и слично не сакам да видам. Таму не ви пишува држава на живеење, а дури и тоа да ви пишува, не мора да бидете толку политички коректни. Ви укажувам на прва страница на индекс таму каде што ќе видам такво нешто, во старт имате една оцена пониско. Или можеби грешам ние имаме пет годишни деца на студии, откога некои политиканти на сила и со манипулации го прифатија пежоративното име. Берете ум во глава!“, се наведува во објавата на професор Трајковски.

Бонус видео: Почина најубавата жена на Боливуд, имаше само 32 години..

Претходна вестЛевица обвини: Владата го ИЗБРИША Гоце Делчев – утре е 152 од неговото раѓање, нема никаква најава за чествување на овој настан!
Следна вестВреме е албанската опозиција победи: Голем удар за ДУИ – Таравари со јасна порака до своите сопартијци