Неготино преживува уште една драма: Каде исчезна младиот Миле – го нема веќе трет ден

3317

Според информациите од МВР, на 30.01 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(Миле Тодоров 28), кој имал здравствени проблеми.

Сестрата на Миле во изјава за Фокус вели дека станува збор за одговорна личност, млад спортист, вработен, и семејството вели дека никогаш во минатото не се случило вакво нешто.

„Брат ми вчера замина на работа во Кавадарци, облечен во работничка опрема, со црн елек врз палтото. Висок човек е, со спортска градба. Од она кое го знаеме, му кажал на газдата на компанијата во која работи дека дава оставка, разговарал смирено, а потоа заминал и веќе не знаеме ништо за него“, вели за Фокус неговата сестра.

Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот. Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.

Од полицијата преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Од навивачката група Винари, чиј член бил и тој објавија најнови детали од потрагата:

АПЕЛ ДО ЖИТЕЛИТЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ НА КУЌИ, КОЛИБИ И ВИКЕНДИЦИ ПО ТЕЧЕНИЕТО И БЛИЗИНА НА РЕКАТА ЛУДА МАРА !

Бидејќи постое сомнеж дека исчезнатиот Миле Тодоров-СКЕЧОТ се наоѓа на наведениот реон, Ве замолуваме да ги проверете објектите и нивната близина со цел да се пронајде лицето.

За секоја информација контактирајте ја полицијата.

Претходна вестЛошите вести ги потврди директорот Пандов: Васил имал мобилен телефон
Следна вестПлатен 250 евра, Васил телефонот го добил во опаковка со колачи – познато со кој разговарал, дознава Скопје1