Јован Деспотовски, поранешниот висок партиски функционер на СДСМ, на социјалната бизнис-мрежа Linkedin објави дека започнал да работи како главен извршен директор во компанијата ТФ Капитал Скопје.
Доскорешниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони и кандидат за претседател на СДСМ отвори свој приватен бизнис за кој засега не сака да изнесува детали во јавноста.
Деспотовски сам поднесе оставка како директор на дирекцијата која раководи со слободните индустриски зони, не чекајќи да биде заменет со нов управител од новата власт. По нешто повеќе од два месеци е сопственик на претпријатие за „управувачки дејности“. Тој од средината на септември е основач на новоформираното друштво за услуги и управување „ТФ Капитал“ во скопско Пржино.