Наставниците на протестот пред МОН побараа повисоки плати

116

Под слоганот Нема оправдувања, зголемете ги платите, наставиците заслужуваат, пред МОН денеска се оддржа протестОТ на просветните работници во организација на СДСМ.

Тие побараа покачување на платите за 12 отсто од септември, наместо од март идната година како што најави владата. Наставниците кои излегоа на протестот порачача дека го бараат тоа што им следува по закон и се пожалија на притисоци.

-Иако власта се обиде да изврши притисок преку директорите на училиштата да не се присуства на овој собир, еве сме, гласни и горди, да го кренеме гласот за поголеми плати на наставниците. Од овој септември платите на просветните работници требаше заради законско усогласување да бидат зголемени за 12,15% односно во просек да се зголемат за 4.300 денари.- Петре Трајковски – наставник

Паралелно со протестот пред МОН, прес-конференција одржа министерката Јаневска.. Таа оцени дека протестот е неоправдан и како што изјави, манипулативен и за наставниците и за јавноста. Јаневска повтори дека поради долговите кои во МОН ги оставила претходната власт, во овој момент едиснтвена можност е само нивелирањето на платите од 0,5% кое од семптември ќе го добијат сите наставници, а побараното покачување од 12% ќе се случи во март идната година.

– Безобразно е после само 2 месеци Власта која не обезбеди доволно пари за да им се исплатат платите, да бара покачување. Ние веќе кажав обезбедивме огромни средства за да можеме да им ги исплатиме платите на луѓето. Економијата беше во слободен пад, во овие два месеци се обидуваме да ја стабилизираме, тој слободен пад да запре, после тоа да почнеме да се движиме кон нулата и од нулата натаму да градиме просперитетна држава во која граѓаните ќе бидат задоволни вклучутелно и од нивните плати., вели Јаневска.

Луидерот на СДСМ Филопче од протестот порача дека Владата нема оправдување што наставниците нема да ги добијат покачените плати.. На обвинувањата дека протестот е политички тој одговори дека целта на политиката во образованието била просветните работници да имаат бенефит.

-Ние најдовме пари во континуитет изминатите години да ги покачуваме платите и до сега се покачени 55%, сметам дека е само изговор и сметам дека изјавите и на премиерот и на други министри се во насока на тоа дека сакаат да бидат мајстори на илузијата во државата, тоа што го зборуваат не е вистина. Еве имаше ребаланс на буџетот, можеа да обезбедат дополнителни средства,

ОД СОНК се оградија од денешниот протест и го оценија како обид за купување на политички поени. И побараа членството на синдикатот да не учествува на протест каде синдиактот не е организатор.

Претходна вестПесков: Одговорот на Русија на нападот на Украина врз регионот Курск е во тек
Следна вестТрајче Стојчевски е нов претседател на Социјалдемократската младина на Македонија