Од 10-12 јануари министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски држави каде што ќе оствари повеќе работни средби со клучни преставници на американските државни институции.
Денес на Канал 5, професорот Нано Ружин и поранашен амбасасадор во НАТО, запрашан да ја искоментира посетата на Спасовски на САД потенцираше дека досега ниеден министер немал толку голем обем на контакти со администрацијата на Соединетите американски држави како што е во случајот Спасовски.
„Можеме да зборуваме за историска посета. Зашто? Затоа што прво се сретна со конгресменката којашто е одговорна за нашата држава. Второ се сретна со помошникот на Јавниот обвинител, значи судската власт, и трето, се сретнува со неколку заеднички колеги од внатрешната безбедност вклучувајќи го и директорот на ИЦИТАП што е програма за меѓународна помош во битката против криминалот. И како шлаг на торта тоа е средбата со О’Брајан којшто е помошник на државниот секретар за Европа и Азија. Тука се сконцентрирани сите елементи. Потпишани се неколку договори со САД, пред се за помош, за дигитализација на нашите сили за безбедност и исто така сето тоа влегува во одличен и компактен договор и натамошната соработка со САД на полето на безбедноста. Сметам дека тоа е извонредна посета и тоа што ќе донесе како новини и договори брзо ќе се имплементира во функционирањето на нашата држава“, ја искоментира посетата на Спасовски“, потенцираше професорот Нано Ружин.