Наместо документи, добил боксови: Вработен во Управата за водење на матичните книги удри граѓанин

5047

МВР известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а повеќе информации ќе бидат соопштени по завршувањето на истрагата.

Вчера напладне, 44-годишниот Н.Б. од Скопје пријавил физички напад во објектот на Управата за водење на матичните книги, лоциран во Центар.

Според пријавата, инцидентот се случил околу 11:00 часот, кога по претходна вербална расправија, Н.Б. бил нападнат од вработено лице во институцијата.

МВР известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а повеќе информации ќе бидат соопштени по завршувањето на истрагата.

претходниот член,Денеска се празнува Света Петка – Еве што не треба да прават жените
Следната статијаХорор ги разбуди сите: Се скарал со сопругата, па телото му било пронајдено