Од МВР за ТВ21 кажаа до каде е истрагата за случајот со убиството на лекарот Ацо Трпковски, кој беше пронајден мртов во четврокот навечер пред поликлиниката „Железара“ во Скопје.
Од МВР велат дека досега се прегледани повеќе од 40 камери, извршени службени разговори, се врши техничка обработка на возилото, се обезбедуваат листинзи од телефонски броеви. Од таму напоменуваат дека истрагата е во напредна фаза.
„Прегледани се повеќе од 40 камери вклучувајќи ги и камерите на Безбеден град, извршени се службени разговори со повеќе од 15 лица. Се врши дополнителна криминалистичко техничка обработка на предметното возило. Се обезбедуваат листинзи од телефонски броеви и се врши нивна анализа. Истрагата е во напредна фаза. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во содејство со ОЈО интензивно работат на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Докторот Ацо Трпковски беше пронајден мртов во четвртокот вечерва во своето возило со неколку убодни рани. Телото го пронашле синовите, откако тој не одговарал на повиците на својот мобилен телефон вечерта околу 23 часот. На местото на настанот во петокот беа видливи траги од крв.
Поради убиството на докторот, денеска приватните матични лекари од 12 до 16 часот во знак на револт нема да прегледуваат пациенти.