НАЈНОВА ВЕСТ: Страшни снимки се шират на социјалните мрежи – има загинати по вечерашниот напад врз патнички воз кај Харков

295

Најмалку четири лица загинаа, а уште четири се водат како исчезнати по напад на руски дрон врз патнички воз во регионот Харков, во источна Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според информациите од Кабинетот на претседателот, во нападот се повредени две лица.

Зеленски остро го осуди инцидентот, наведувајќи дека напад врз патнички воз со беспилотно летало во која било држава би бил третиран како терористички чин.

„Нема никакво воено оправдување за убивање цивили во патнички вагони“, напиша Зеленски на својот Телеграм канал. Тој додаде дека овој настан ја покажува итната потреба од засилен меѓународен притисок врз Русија и повика на одговорност за ваквите постапки.

Според украинските власти, во возот имало повеќе од 200 патници. Министерот за развој, Олексиј Кулеба, изјави дека во моментот на нападот во композицијата се наоѓале 291 лице, додека од Канцеларијата на регионалниот обвинител информираат дека бројот на патници бил над 155.

Кулеба посочи дека руските сили го нападнале возот со три дрона од типот „Шахид“, што предизвикало пожар.

Сите патници биле успешно евакуирани, а возот сообраќал на релација Барвинкове – Лавов, кон западниот дел на Украина.

Украинските власти нападот го оценуваат како директен удар врз цивилно население и потенцијален терористички акт.

Претходна вестСтрашно е вечерва во овој дел од Македонија
Следна вестТажна вест: Почина познатата македонска пејачка