Семејството на Виктор Илиоски апелира до јавноста за помош, откако тој исчезнал вчера околу 14 часот.
Според информациите што ги објави неговата мајка, Роза Илиоска, на младиот прилепчанец му се губи секаква трага.
Според објавата на мајката на социјалните мрежи, Виктор во моментот на исчезнувањето бил облечен во тегет ветровка, црни тренерки и сиви патики.
Семејството е загрижено и повикува сите кои имаат било каква информација што би помогнала во пронаоѓањето веднаш да се јават.
Од семејството апелираат дека секоја информација може да биде значајна за пронаоѓањето на Виктор.
Контакт за информации:
076 303 292




