Најмалку 15 жртви по излетувањето од шини на познатиот трамвај „Глорија“ во Лисабон

42

Најмалку 15 лица загинаа, а 20 се повредени во главниот град на Португалија, Лисабон откако трамвај излета од шини.

Несреќата се случи на линијата „Глорија“, отворена во 1885 година и го поврзува плоштадот „Ресторадориш“ во центарот на Лисабон со квартот Барио Алто, познат по ноќениот живот.

Претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуза, изрази сочувство до роднините на жртвите.

Во Лисабон е прогласена тридневна жалост за да се оддаде почит на жртвите и да се изрази сочувство до нивните семејства. Градоначалникот Карлос Моеда изрази длабока тага поради несреќниот настан.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ избра нови 16 кандидати за градоначалници
Следна вестШумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра