НАД 3.000 РЕГИСТРИРАНИ МАЛИ ОПЕРАТОРИ ЗА ХРАНА е резултатот од политиките за поддршка на малите производители

143

Над 3.000 регистрирани мали оператори за храна е резултатот од политиките за поддршка на малите производители.

Бројките сами по себе говорат за успесите па така заклучно со денес, имаме:

*2.261 оператори со храна од животинско потекло

*800 оператори со храна од неживотинско потекло.

Денеска во Демир Капија од министерот за земјоделство Николовски и неговиот тим директно на терен беа презентирани пред земјоделците новите програми за поддршка на малите производители на храна и пијалаци, советувајќи ги како правилно и успешно да го пласираат својот производ на пазарот.

Не постои апликант за мерките од поддршката за малите производители на храна или винарии што аплицирал и ги исполнил условите од повикот, а да не добил поддршка.

-Нашата поддршка ја продолжуваме, Вас чесни земјоделци не ве оставаме сами, Ве поддржуваме и ќе ве поддржуваме низ целиот ваш развој. Заедно ќе градиме нови успеси, нови брендови од преубави традиционални производи и нови резултати на кои сите ќе бидеме горди, посочи министерот.

Претходна вестДали Ковачки бил шпион против државата, праша Каевски
Следна вестСтавањето на починатиот сопруг на Јанева на „црната листа“ било административна грешка