Ледената девојка од Ресен, Бети Котовчевска на македонската јавност ѝ е позната како Бетика која обожава да се капе во ладни води во било кој период од годината.
На социјалните мрежи сподели објава кои ѝ ја посвети на прерано почината Фросина Кулакова која животот го загуби на булеварот „Партизанска“.
Со видео како влегува да се капи во Охридското езеро, Фросина сподели искуство дека била повредена во сообраќајна несреќа, додека човекот зад воланот бил униформиран полицаец под дејство на алкохол.
„Денес не зборувам јас, Фросина зборува преку мене. Можеби ова вечно ќе го чував за себе, но денес бил денот. На само 18 години ме прегази чичко Полицаец.
-Беше под дејство на алкохол, уиформирани Полицаец во сопствено возило, после несреќата ме остави на улица брзајќи се да ја пречека делегацијата.
Очевидците наредниот ден, неми останаа. (Платени, сите да молчат) Сега можеби ме читате, ако читајте ме. Јас сум вистина! И судот нем остана!
Имаше кривични дела за в затвор да скапе.
Тој ден не бев уплашена за себе, тој ден бев уплашена за него, зошто татко ми одеше да му пресуди. Тој ден ја молев Мајката, го молев Бог, смирение за го облее татко ми, чунки за човек ќе одговара. Поминаа 11 лета, чичко Полицаец и пензија си дочека.
Правда не најдов.
Ја заташкаа работата.
Правда не најдов.
Денес не зборувам јас.
Денес зборува Фросина преку мене.
Почивај во мир малечка.
И прости ни !“, напиша Бетика во објавата.