На Бадник пред полноќ, пресечете главица кромид на 12 дела – еве што веднаш потоа треба да направите

2206

Православната црква и верниците денес го одбележуваат Бадник, денот пред најголемиот христијански празник – Божиќ. Овој ден е исполнет со тишина, пост, семејно собирање и бројни народни обичаи кои се пренесувале од генерација на генерација.

Традиционално, Бадник се завршува со посна вечера, со што симболично се заокружува Божиќниот пост и се влегува во радоста на Христовото раѓање. Освен духовното значење, овој ден е поврзан и со интересни народни верувања, особено оние поврзани со природата и времето.

Бадник и народната „временска прогноза“

Едно од најпознатите верувања е поврзано со предвидување на временските услови за целата година. Нашите предци верувале дека токму на Бадник и Божиќ природата испраќа знаци за тоа какви месеци нè очекуваат.

Во време кога земјоделството било основа на животот, ваквите обичаи имале големо значење, од нив зависеле жетвата, добитокот и опстанокот на семејството.

Како со кромид да „ја прочитате“ годината

На Бадник, пред полноќ земете една главица кромид и пресечете ја на 12 дела, по еден за секој месец во годината (означете ги кое е јануари, февруари, март и тн.)

Наредете ги парчињата едно до друго. Во секое ставете по малку сол. Оставете ги преку ноќ, најдобро на прозорец.

Толкување на Божиќ:

Најстариот член од семејството ги прегледува парчињата следното утро, односно на Божиќ.

Ако во некое има вода, тој месец ќе биде врнежлив. Ако е суво, се верува дека месецот ќе биде сув и без дожд.

Иако денес се смета за симболичен ритуал, овој обичај со векови им помагал на луѓето да го планираат животот во склад со природата. За многумина, тој и денес е нераскинлив дел од празничната магија на Бадник.

Претходна вестВеста која го потресе светот: Финска зароби товарен брод кој патувал од Русија кон Изреал
Следна вестПотресни информации: Нови детали за смртта на Горан Ивановски