МВР со детали со сообраќајката во Кичево: Загина 46-годишник, тешко повредена малолетна сопатничка

285

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот.

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот. ТВ21 синоќа објави видео од сообраќајката во Колари.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

Претходна вестПосле убиството на Вања и Панче, од Турција се огласи Љупчо Палевски – Најпрво сочувство до таткото Александар, а потоа имаше што да каже и за другите
Следна вестЛошата вест брзо се прошири, „лежеа заедно во локва крв“: Момче и девојка скокнале од зграда – страшна трагедија го потресе регионот и Нови Сад