Морничав детал: Таткото на Данка го застанал возилото во кое го криеле нејзиното тело и ги прашал дали ја виделе

243

Министерот за внатрешни работи на почетокот на својот прес им изрази сочувство на родителите на малата Данка Илиќ.

– По десетдневна потрага, припадниците на МВР ги уапсија С.Ј и Д.Д., осомничени дека со автомобил ја возеле и ја убиле Данка, а потоа нејзиното тело го фрлиле на депонија – рече министерот.

Гашиќ истакнува дека и двајцата го признале и детално го опишале делото. Потоа презентираше ретроспектива на целиот настан.

-Околу 13 часот и 50 минути мајката била покрај возилото „фиат панда“ во кое биле осомничените видела бел автомобил и машко лице. И рекле дека биле на работна задача во Бањско поле, да проверат шахта. Нивните движења биле снимени на камера. Подоцна е снимено дека возилото застанало на капијата околу 13 часот и 50 минути.

Возилото во кое се превезувале С.Ј и Д.Д., околу 2 и пол минути било пред капијата, застанале бидејќи им бил потребен тоалетот. Потоа тргнале, и го удриле девочето на 30-40 метри од местото за застанување. Автомобилот го управувал Д.Д., а телото на девојчето С.Ј со помош на алатот го пренел на задното седиште.

Тие се договориле да го фрлат телото на девојчето. Во 13 часот и 57 минути таткото на Данка ги запрел и прашал дали го виделе девојчето, на што тие одговориле негативно – рече министерот.

Потоа со автомобил се упатиле кон депонијата и телото на девојчето го фрлиле.

-Детално го следевме движењето на мајката, и на сите лица кои поминале низ истата рута. Проверувавме и кога е направена фотографијата. Тоа беа важни индиции за да добиеме информации колку долго детето било надвор од видното поле на мајката. Минатата година имавме над 600 пријави за исчезнувања, а најмногу деца се наоѓаат за неколку часа – истакна Гашиќ.

претходниот член,„Пишуваа се и сешто за родителите на Данка, дека ја убиле, киднапирале и што уште не“: Дали сега се каат?!
Следната статијаЕден од убијците на Данка учествувал во потрагата: Намерно ги насочувал инспекторите во друг правец, а паднале само поради една порака!