Момчето убиец од Рибникар: Се чувствував отфрлено од децата и затоа го направив тоа

223

Во зградата на Вишиот суд во Белград, денеска продолжи судењето на Милјана и Владимир Кецмановиќ, родителите на Коста Кецмановиќ кој на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Во пресрет на судењето беше одлучено Коста да сведочи од говорница во судницата, а не од посебна просторија. „Се чувствував отфрлен од децата и затоа го направив тоа. На 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа намерно, но не бев сигурен дека ќе пукам“, кажал Коста Кецмановиќ, според информации на Република.

Пред обвинителството прашања треба да му поставуваат двајца јавни обвинители и главниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, кои во овој случај се инволвирани од почетокот на постапката. Мајката на момчето, која беше обвинета во овој случај, во судот дошла од слобода, додека таткото е донесен од притвор.

Малолетникот денеска за прв пат е изнесен од установата во која се наоѓа по делото. Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Милјана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиштето Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.

претходниот член,Жените од истокот со месеци немаат мамограф за преглед на гради, во Берово ехо апаратот не работи
Следната статијаУбиецот Коста ја обвини неговата мајка: Таа е виновна што пукав – ЕВЕ што ми правеше