Мое Вевчани со одговор до Бигорски: Маската не навредува, а ова е причината – додека носите илјадници евра златни ланци

410

Мое Вевчани со одговор до Бигорски: Појснување за маската – додека носите илјадници евра златни ланци

Јавноста и тоа како реагираше за маската од Вевчанскиот карневал, на која повеќе лица носат крст кој е направен од пивски гајби.

За сето тоа има објаснување од Мое Вевчани, кои потоа го нападнаа и Бигорски манастир, од каде пак побараа од Вевчанскиот карневал да се извинат за оваа маска.

А сега малку и за душегрижниците за Св.Васиља (Вевчански карневал)
Св.Васиља е традицја стара поќе од 1400 години. Постара од МПЦ, постара од Бигорски Манастир !!!!

Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух.

Маскава конкретно што е коментирате и што непотребно барате извинвење го отсликвит чвекот „верник“ како пијаница. Верниците не требит да се пијаници и затва пијаницата е претставена во ваква форма. Пример како не требит да е чвекот кој го носит божјот дух во себе и е создаден од Господ.

Драги монаси од Бигорски кој до вчера имавте голема почит од сите вевчанци. Видете се порво самите. Видете го вашјот Епископ Партениј, па чвекот носит илјадници евра златен керст на него. Не е страмота? Не е страмота деца да гладовет, љуѓе со 100 денари да го ворвет денот, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?

За останатата јавност. Не мојт секој да разберит. Не мојт секој да го разберит значењето на хуморот и сатирата која Вевчани е прикажвит кон вас. Истите вие што критиковате за маските Вевчани, маските ве отсликвет вас, вашите грешни постапки низ целата година вметнати се во маските кој на 13 и 14 јануари продефилирвет во Вевчани.

Вевчани било и ќа бидит. Св.Васиља била и ќа бидит. Вие мојт да не сте, ама Св.Васиља Ѐ и ќа Ѐ, стално !!!

Претходна вестБило напнато во Германија: Германците им ги одзеле знамињата со вергина на Македонците – еве го одговорот
Следна вестЛошата вест брзо се прошири: При вадење млечни заби, почина петгодишно момче, претходно 37 денови беше во кома