На социјалните мрежи и на повеќе македонски портали се прошири веста, во која наводно починал Мирослав Илиќ.
Но, тоа е голема лага односно медиумите наседнаа на „лошо препишување“.
Еден македонски медиум објави вест во која објаснува како Мирослав Илиќ си купил гробно место за себе и сопругата, но веројатно останатите не читале до крај, па побрзале да информираат дека популарниот пејач е мртов.
Веќе огромен број фанови пишуваат сочувство до фамилијата на Илиќ и да почива во мир, иако тој е здрав и жив.
Ние му посакуваме долго здравје на Илиќ, а на нашите колеги поголема внимателност во објавувањето, особено на содржини со смрт на познати личности.



