Многу лошо: Летаат откази – во октомври 1.530 германски фирми прогласија банкрот

56

Во октомври 1.530 компании во Германија прогласија банкрот, тоа највисока бројка во изминатите 20 години, соопшти денеска Институтот за економски истражувања во Хале.

Банкротот на фирмите се должи на неколку фактори – постојаниот економски пад, зголемувањето на расходите за плати и енергија и дополнителните ефекти од времето на пандемијата, посебно компаниите со помала финансиска состојба кои добиваа државна помош.

– Сегашниот бран банкротства е резултат на комбинација на континуирана економска слабост и драматично зголемени трошоци, истакна Штефен Мулер од Институтот.

Тој додаде дека најпогодени се градежништвото, трговијата и услугите поврзани со бизнисот.

претходниот член,Првиот снег во Македонија ќе падне побрзо отколку што мислите: Метеорологот го откри датумот
Следната статијаСудскиот процес за смртта на Марија која ја уби пијан возач: Обвинителството побара ново вештачење