Младо момче собрало повеќе од потребните донации за трансплантација, па ги редонирало парите за лекување на друго дете!

2074

Приказна која ја враќа вербата во човечноста и солидарноста деновиве доаѓа од Охрид, и во неа на необичен начин се преплетени животите на две семејства, за чии деца се собираат донации за лекување.

Имено, 21-годишниот Мухамед Максуд од Охрид, кој е студент и истовремено работи како таксист, треба да оди на трансплантација на бубрег. Тој имал ретка болест на бубрезите, а донор ќе била неговата мајка.

За момчето се објави апел за собирање на донации за скапата интервенција на платформата E-Crowd, а набргу потоа се огласи д-р Ненад Лазаров од оваа хумана заедница, со убави вести.

Имено, Мухамед ги собрал потребните средства за трансплантацијата, па дури и повеќе пари од потребната сума од разни хуманитарни канали, а остатокот од финансиите решил да ги редонира за Јована Ѓорѓиева (10), која боледува од ретката болест WEST Syndrome.

За Јована, исто така е објавен апел за донации на платформата E-Crowd, а се собираат средства со цел да се купи лифт за скали, односно мобилна скалишна столица. Со лифтот ќе му се олесни секојдневите на девојчето, но и на родителите, кои постојано на раце го носат по скалите, бидејќи мобилноста му е отежната.

Со својот гест Мухамед покажа дека солидарноста нема граници, но исто така им даде пример и на останатите лица кои се нашле во слична состојба, лекувањето да им зависи од хуманоста на народот, да ја покажат својата големина, и доколку соберат повеќе средства од потребните, да ги редонираат.

Извор: Фокус

претходниот член,ВАЖНО: Која храна треба да ја избегнувате ако имате проблеми со тироидната жлезда?
Следната статијаИ САД влегува во војна, Бајден само што нареди – АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА итно ќе помогне на ОВАА земја