Бојана Ќ.(22) и Јелена Р.(22) од Лазаревац (Србија) починаа од повредите здобиени во судир меѓу автомобил и камион во градот Чепелица на автопатот Билеќа – Требиње во БиХ.
Девојките биле сами во возилото кое утрово удри во камион, а биле донесени во болница без знаци на живот. Обид за реанимација бил даден, но немало помош, пишува порталот „Република“.
„Страшната сообраќајна несреќа во градот Чепелица, во која животот го загубиле две млади девојки, се случила кога автомобилот „пежо“, во кој се наоѓале жртвите, удрил во насипот од својата страна од патот, а потоа преминал на спротивната страна и директно се судрил со камионот“ изјавија надлежните.
„Две млади девојки беа донесени на нашето одделение без знаци на живот. Обид за реанимација се изврши, но, за жал, без успех“ – изјави д-р Тања Новарлиќ, раководител на Одделот за интензивна нега во болницата Требиње.
Несреќата се случила околу 9:30 часот наутро, а истрагата ја спроведе полицијата од Билеќа заедно со дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство.