Младиот полицаец Јован доживеа тешка несреќа и го загуби животот на лице место

997

Јован Васиљевиќ (34), полицаец кој не бил на должност, загинал во несреќа што се случила синоќа во близина на Ченеј во Србија.

Да потсетиме, несреќата се случила синоќа во 19:00 часот кога тој излетал од патот од засега непознати причини.

– Почивај во мир, добар пријателе мој – пишуваат пријателите на несреќниот млад полицаец на социјалните мрежи.

Еден пријател се збогуваше со трогателни зборови:

– Тешко е да се каже збогум, но секој момент што го сподели со нас ќе го носиме додека сме живи. Ти благодарам за твоето пријателство, насмевка, поддршка и сите добри и лоши спомени што остануваат. Почивај во мир, наш добар Џоле, пријателе со големо срце. Твојата добрина останува со нас – напиша пријателот.

Д-р Зоран Круљ, портпарол на Институтот за итна медицина во Нови Сад, изјави дека повикот го примиле во 19:29 часот.

– Медицинскиот тим интервенираше според прв приоритет, но, за жал, можеа да ја потврдат само смртта на триесет и четиригодишен маж – изјави д-р Круљ.

Несреќата се случила кога, од засега неутврдени причини, на Меѓународниот пат ББ, во близина на аеродромот, возилото излетало од патот.

Немало контакт со друго возило. Полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности на оваа несреќа.

Претходна вестЗа жал, не издржа: Полицаецот кој беше застрелан со 10 куршуми ноќеска им подлегнал на повредите
Следна вест(ФОТО) Никој не очекуваше, катастрофална посета на една од најпознатите српски пејачки