Мистериозна „жена во бело“ ги вознемирува жителите на овој голем град – никој нема објаснување

2300

Што се случува? Голема паника меѓу жителите.

Мистериозна „жена во бело“ ги вознемирува жителите на овој голем град. Од надлежните никој не реагира.

Жителите на Белград изминатите денови сведочат на необјаснети појави на мистериозна „жена во бело“ која се појавува ноќе на улиците, стои неподвижно или се движи на морничав начин.

Снимки од социјалните мрежи дополнително ја зголемија вознемиреноста кај граѓаните, а слични случаи биле забележани и во други делови на Србија.

Според медиумите и сведоците, жената најчесто се појавува ненадејно пред автомобили, без да зборува, а потоа исчезнува. И покрај обидите на новинарските екипи да ја разјаснат мистеријата, жителите од населбите каде што е забележана велат дека не ја познаваат и немаат објаснување за нејзиното однесување.

Претходна вестТешка сообраќајна несреќа на патиштата во Македонија
Следна вестПречек на албанска министерка во Скопје без македонски државни симболи