Македонскиот тренер Владимир Мирковски имаше успешен настап со Војводина во новиот меч во АБА-2 лигата и неговиот тим обезбеди место во четвртфиналето иако има уште две кола до крајот на втората фаза.
Војводина славеше над Цедевита Јуниор со резултат 100-75 и за тимот ова беше втор триумф во втората фаза под палката на Мирковски. Најдобар играч кај победникот беше Савиќ со 19 поени, пред Дингл со 17 поени, додека кај Цедевита, Брзоја имаше 16 поени.
Главната разлика српскиот тим ја направи во третиот квартал кој го доби со убедливи 22-5. Во последните две кола, Војводина ќе игра за првата позиција на табелата.