Мицкоски: Заклетвата ќе ја дадам со Република Северна Македонија

1522

Заклетвата ќе ја дадам со уставното име кое ќе го користам и при посетите во странство.

Уставното име на државата е јасно и не треба да имаме двојни стандарди да се чувствуваме пред граѓаните неодговорно или да ги доведуваме во заблуда, се знае кое е уставното име – тоа е со придавката, порача вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада.

Тој во интервју за ТВ Сител рече дека во заклетвата што ќе ја даде идната влада ќе го користи новото уставно име на државата исто како и при посетите во странство.

-Сепак, во секојдневната употреба и при давањето на изјавите во земјава ќе го користам името „Македонија“. Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски во интервју за централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека информациите кои пристигнувале до него се катастрофални, односно државата е во лоша состојба, но сепак како идна влада ќе работат за брзи резултати.

„Информациите кои доаѓаат до мене се катастрофални односно алармантна ситуација која владее во Македонија и која е наше секојдневие и тоа нема да не изненади ниту нас, ниту граѓаните ако кажеме дека е лоша состојбата. Впрочем нема човек кој денеска во Македонија вели дека е добра состојбата нема таков и впрочем тоа беа и резултатите на изборите кои се случија на 8 мај и знам дека ќе немаме 100 дена, впрочем немаме ниту минута, бидејќи веќе почнаа нападите кон нас, а не сме ниту влада. Претпоставувам дека за 6 дена треба да е нашиот прв работен ден, а веќе почнаа нападите“, посочи Мицкоски.

претходниот член,Во поднесокот за нова влада во Собранието, Мицкоски во 5 реда текст до Гаши 5 пати пишува Република Северна Македонија
Следната статијаУЖАС: Веста ги вознемири сите, вакво нешто е хорор – Двајца тинејџери обвинети за силување и антисемитско насилство врз 12-годишно девојче во Франција