Мицкоски: Падна митот за Кичево, народот покажа дека може да се обедини

32

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на прес-конференција по повод вториот круг од локалните избори 2025 година истакна дека резултатите ја покажуваат силната волја на граѓаните за промени и обединување, а како посебно значајна ја издвои победата во Кичево.

„Морам да признам една посебно силна порака која доаѓа оваа вечер, а таа е од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против недомаќинското работење. Покажавме што можеме кога сме обединети,“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека токму оваа победа е доказ дека обединувањето околу вредностите и заедничките цели е можно, без разлика на политичката или верската припадност.

„Во Кичево соработувавме луѓе од различни вери и припадности против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите – околу политиките што им се потребни на граѓаните. Победи идејата дека Македонија е дом за сите,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека победата во Кичево е симболична и испраќа порака за една пообединета и посилна Македонија.

„Падна митот дека Кичево е нечие. Победија Кичевчани. Таа победа зборува за Македонија што созрева, за народ кој не се плаши да се обедини. Кичево мора да биде и ќе биде во фокусот на владата,“ порача Мицкоски.

Претходна вестПред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад
Следна вестМицкоски од Скопје оди кон Брвеница и Кичево – ќе ја прославува победата во овие две општини