Мерка за поздравување: Општината доделува 20.000 денари доколку склучите нов брак

83

Мерка за поздравување: Општината доделува 20.000 денари доколку склучите нов брак

Општината ќе одвои 10.000 денари за секое првородено дете, 15.000 денари за второродено и 30.000 денари за трето дете.

Исто така, за секој новосклучен брак, сопружниците ќе добијат надоместок од 20.000 денари.

Градоначалникот на Општина Могила Драганчо Саботковски информираше дека оваа година Буџетот на Општината предвидува финансиска помош за новороденчиња и новосклучени бракови во висина од 10.000 до 30.000 денари.

„Ова не е само финансиска помош, ова е јасна и силна порака дека семејството, децата и младите се наш приоритет. Сите воведени мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот, како и создавање услови младите да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина во општина Могила“, соопшти Саботковски.

Според Државниот завод за статистика, оваа пелагониска општина се соочува со негативен природен прираст на населението, земајќи предвид дека во 2010 година во Могила имaше 66 новороденчиња, а во 2024 бројот изнесува помалку од половина, односно 30 новородени.

Претходна вестБорче од „Донирај Компјутер“ распали: Одговор за сите кои му кажуваат како да раководи со проектот
Следна вестСнегот не е пречка: Огромен број народ излегува на улиците – Стоп за Усје