Маж од Струмица пронајден починат во домот: Паднал врз греалка и му се запалила облеката

143

Вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица.

Лекар констатирал смрт поради загушување со чад, а претходно лицето паднало врз електрична греалка и му се запалила облеката.

Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.

Претходна вестДокторка вели: Консумирајте една намирница пред алкохолот за да го избегнете мамурлакот
Следна вестПрво па машко