Маж и жена пронајдени мртви во два одделни случаи во Македонија

4512

На 18.01.2026 во 16:00 часот во Полициското одделение Јегуновце е пријавено дека во семејниот дом во с.Јегуновце, тетовско, е пронајдена почината С.С.(76) од селото.

Екипа од Итна медицинска помош Тетово констатирала смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа на СВР Тетово во присуство на јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е дадено на обдукција.

Маж пронајден починат во гостиварско

На 18.01.2026 во 22:15 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во домот во с.Скудриње, гостиварско, е пронајден починат Ш.Ш.(55) од селото.

Лекар од Здравствен дом Ростуше констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Претходна вестТажна вест вечерва: Почина познатата пејачка со чии хитови уживаше цел Балкан
Следна вестБорче од „Донирај Компјутер“ распали: Одговор за сите кои му кажуваат како да раководи со проектот