Обвинителката Андријана Настиќ потврди дека во Цетиње биле убиени 12 лица, а осомничениот Ацо Мартиновиќ се самоубил. Таа спровела истрага на шест локации, од кои пет биле на убиствата и на местото каде што осомничениот се застрелал.
На две локации убил четири лица, на третата две деца, а на останатите две едно лице. Четири лица се повредени и хоспитализирани.
Осомничениот за делото во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, се самоуби откако убил најмалку дванаесет лица, соопшти полицијата.
Мартиновиќ, кој бил во бегство, полицијата го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње.
„Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до клиничкиот центар“, изјави на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ.
Тој додаде дека напаѓачот убил најмалку дванаесет лица, но можно е да има и повеќе жртви. Четири лица се тешко ранети. Меѓу жртвите има две деца на возраст од 10 и 13 години и сите се најблиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.
Мартиновиќ злосторството го започнал во ресторан во Велестово во близина на Спортскиот центар. По инцидентот меѓу него и гостин, тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица.
Потоа ги убил членовите на неговото семејство и две деца на возраст од 10 и 13 години на три познати локации.