Мартиновиќ убил и членови од своето семејство: Интензивна потрага на специјалците по убиецот – го нема нигде

1976

Полицијата ги презема сите активности од нејзина надлежност за лоцирање и ставање под контрола на лицето, а на терен се и сите расположливи полициски организациски единици, вклучително и Специјалната полициска единица.

Неколку лица, меѓу кои и две деца загинаа во крвава престрелка што се случи денеска попладне во меана во центарот на Цетиње. Како што наведуваат медиумите во Црна Гора, меѓу убиените дел се и негова фамилија.

За пукањето во Цетиње проговори и црногорската полиција.

Во попладневните часови во градот Бајице, огнено оружје во угостителски објект употребило, како што се сомнева, лицето А.М., кое ги одзело животите на најмалку четири лица, меѓу кои и одредени членови на неговото семејство, пред да го напушти објектот вооружен и побегна.

Полицијата ги презема сите активности од нејзина надлежност за лоцирање и ставање под контрола на лицето, а на терен се и сите расположливи полициски организациски единици, вклучително и Специјалната полициска единица.

– Напоменуваме дека лицето е вооружено и опасно и уште еднаш директно апелираме до граѓаните на Цетиње да бидат присебни и да останат во своите станбени објекти и да не пуштаат непознати лица во своите домови, додека полицијата ги презема сите мерки и дејствија насочени кон нивна заштита и гонење на виновниците за овој настан, соопштија од УП.

Тие не потсетуваат дека се работи за ситуациски настан кој не е резултат на сузбивање на високоризични организирани криминални групи.

Претходна вестРасте бројот на мртви во Цетиње, полицијата објави слика од напаѓачот – тој умешно се крие и убива по случаен избор
Следна вестМасовниот убиец од Цетиње е мртов: Уби најмалку 12 лица